Ракометарите на Вардар и Еурофарм Пелистер за помалку од еден час ќе го почнат првиот натпревар кој директно ќе одлучува за титулата во Суперлигата. Битолчани ќе се обидат да го урнат актуелниот шампион и со тоа да ја вратат титулата во градот на „конзулите“ по долг период.
Поддршка од трибините „вардарци“ ќе имаат и од голманот на фудбалскиот клуб Филип Гачевски кој заедно со „Комитите“ веќе се загрева за вечното дерби кое од 18 часот ќе се игра во СЦ „Јане Сандански“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА