Гачевски: Емотивен меч, посакувам 25.000 гледачи Вардар да има и во финалето на Купот

Голманот на Вардар, Филип Гачевски искажа емотивно видување за хуманитарниот натпревар кој вечерва се одигра на арената „Тодор Проески“ како поддршка за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани.

Гачевски посака во иднина да се играат вакви дуели со далеку поубав повод, но посака и ваква посетеност и во годинашното финале од Купот на Македонија кое Вардар би го играл следниот месец.

„Како нација ни се случи голема трагедија, затоа овој хуманитарен натпревар многу значи за сите нас. Сакам да искажам голема благодарност на сите што дојдоа и на Црвена Звезда што го прифати овој натпревар. Се надевам дека нема да има потреба повеќе никогаш да играме натпревари за ваков настан, туку за нешто поубаво во иднина“ – истакна Гачевски на прес-конференцијата по мечот.

Чуварот на мрежата на Вардар се осврна и на она што го очекува тимот до крајот на сезонава.

„Нашата прва цел беше опстанок во лигата, со една добра низа имаме десет меча без пораз и мислам дека сме на добар пат од тој аспект. Мора да признам дека голема е разликата кога играш пред 25.000 гледачи или пред 1.500 гледачи. Верувам дека ќе се пласираме и во финалето на Купот, па посакувам и се надевам дека ќе играме финале пред полн стадион како што беше денес и ќе излеземе во Европа“ – рече Гачевски.

Се вчитува...