Голманот на Вардар, Филип Гачевски, успеа да одбрани пенал на мечот против Зенит. Во 27.минута, при резултат 1-0 за рускиот тим, беше досуден пенал за Зенит по стартот на Евгениј Новак над Артем Ѕјуба, а истиот напаѓач не успеа да реализира. Поточно, Гачевски одлично интервенираше и го одбрани ударот кој беше испратен по средината од неговиот гол.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА