Филип Гачевски се врати во Вардар, и во пролетниот дел повторно ќе биде дел од „црвено-црните“. Тој ќе биде големо засилување меѓу диреците на најтрофејниот македонски клуб, во обидот да се врати во прволигашкото друштво.
“Огромна чест, задоволство и мотив ми претставува враќањето во Вардар. Цврсто верувам во овој нов проект на клубот и доаѓам со цел да помогнам што поскоро да се вратиме на местото кое ни припаѓа, во самиот врв на Македонскиот фудбал. Посебна благодарност до управата на клубот, до сопственикот Слободан Крстевски и спортскиот директор Александар Бајевски со кои лесно најдовме заеднички јазик, цели и амбиции. Со нетрпение го очекувам продолжетокот на првенството повторно да заиграм пред пред најдобрите навивачи Комити.”, рече Гачевски.
Тој во клубот ќе го носи дресот со број 51. Во последните шест месеци немаше клуб, а претходно го носеше дресот на Енозис.
Покрај Гачевски, во следните денови ќе се официјализира и „кам-бекот“ на Дарко Мицевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА