Еден од најискисните вардарови поединци, голманот Филип Гачевски, испрати искрена порака до навивачите на Вардар пред саботниот старт на пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига.
Вардар, по тешката зимска пауза, значително ослабениот играчки кадар, и финансиската неизвесност која го надвила, ќе се обиде оваа пролет да дојде до водечките две позиции на табелата кои водат кон Првата лига. Иако, и тоа како ќе биде тешко…
„Во сабота секој вардарец мора да биде на стадион. Играме за Комити, играме за Вардар. Вашата поддршка во овој момент ни е најпотребна, затоа што не смееме да дозволиме Вардар да пропадне. Сега кога ни е најтешко да покажеме заедно дека сме најсилни“ – порачува Гачевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА