Голманот на Вардар, Филип Гачевски на вчерашниот меч против Слога Виница успеа да ја сочува својата мрежа, и така да стигне до бројката 100 чисти мрежи во дресот на „црвено-црните“ во сите натпреварувања.
Гачевски беше дел од Вардар и во славните шампионски денови на екипата од 2015 до 2020, но почна стандарно да брани во 2017 година. Кратко, во 2020/2021 беше на Кипар каде настапуваше за Енозис, но во 2022 повторно го облече дресот на Вардар.
Сега тој е капитен на екипата која се бори за прволигашка промоција, но во моментов Вардар го држи местото кое носи во бараж за пласман во прволигашката конкуренција.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА