Вардар со гостувањето кај Порто ќе го стартува ултра тешкиот февруари. Бекот на македонскиот шампион, Анте Гаџа очекува уште еден тежок натпревар против португалскиот тим на кој на крајот сепак тие ќе стигнат до бодовите.
„Мислам дека одработивме добри подготовки иако голем број наши играчи беа во Египет. Во Порто мора да бидеме многу подобри од мечот со Нексе. Првиот натпревар беше навистина тежок. Прво се спасувавме па потоа тие извлекоа бод. Очекувам повторно тежок натпревар во кој на крајот сепак ние ќе стигнеме до бодовите“, изјави Гаџа.
Натпреварот меѓу Порто и Вардар е закажан за во четврток во 20:45 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА