Гаџа: Народот во Македонија разбира ракомет

Хрватскиот интернационалец Анте Гаџа кој е едно од новите засилувања на Вардар во интервју за официјалниот сајт на СЕХА лигата говореше за неговите очекувања за новата сезона. Тој вели дека потписот со Вардар за него е голем предизвик, бидејќи доаѓа во редовите на европскиот шампион.

„Вардар е европски шампион и за мене тоа е голем предизвик. Промената на средината исто така ја сметам како предизвик. Ракометот е многу популарен во Македонија. Луѓето ја разбираат играта и секогаш даваат максимална подршка за тимот за кој навиваат. Добар дел од ракометирите кои беа лидери на тимот останаа во Вардар. Нормално е да имаме притисок. Самото носење на дресот на двократниот европски шампион е притисок бидејќи секогаш од тебе се очекува победа. Сигурен сум дека ќе дадеме се од себе како би ги израдувале фановите“, вели Гаџа. 

„Вардарци“ утре го играат реваншот против Нексе од четвртфиналето на СЕХА, а по првиот меч одигран во Нашице пред паузата поради пандемијата од Ковид-19 имаат минимална предност од еден гол (31-30).

„Предноста од првиот меч не е голема. Нексе исто така има многу нови ракометари. Наша цел е учество на фајнал-фор и освојување на трофејот“, додава Гаџа. 

Се вчитува...