Арџент Гафури на почетокот од актуелниот преоден рок се договори со албанскиот прволигаш Фљамуртари, кој сезонава бие битка со Скендербег за шампионската титула кај нашиот западен сосед.
Гафури заминувајќи од Ренова се договори на трансфер во Фљамуртари до јуни 2019 година. Но, непосредно пред стартот на пролетниот дел од сезоната во Албанија, македонскиот фудбалер побара сепак да се врати повторно во Тетово. Сето тоа е одобрено од Фљамуртари кој излезе во пресрет на барањето на Гафури…
„Гафури ќе игра како позајмен фудбалер од Фљамуртари во редовите на Ренова во следните шест месеци. Нашиот нов фудбалер поради лични проблеми побара да се врати во Тетово оваа полусезона, па затоа постигнат е договор до крајот на актуелната сезона да настапува на позајмица во Ренова“ – се вели во официјалното соопштение од Фљамуртари.
Па, Влатко Костов добива квалитетно ‘засилување’ за тимот со останувањето на Гафури, како дополнение на претходно ангажираните Дејан Цветаноски, Дарко Стојанов, Фернандо Силва и Влатко Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА