Македонскиот фудбалски шампион Шкендија утре ќе му гостува на романскиот ФЦСБ во реванш натпреварот од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Нашиот тим има предност од 1-0 од првиот меч, а голманот на тетовци Бабукар Гаје на официјалната прес-конференција вели дека иако очекуваат тежок меч тие веруваат во своите квалитети.
„Секако дека пред нас е тежок меч. Од друга страна сите ние во Шкендија веруваме во себе и своите квалитети. Според мене најважно е Шкендија да се фокусира на својата игра, треба да одиграме најдобро што можеме. Во фудбалот се е можно, за секунда да се сменат работите и покрај тоа што ние ја имаме таа предност од првиот меч. Овој меч е многу значаен за нас зошто може да донесе и пласман во групна фаза во едно европско натпреварување“, вели Гаје.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

