Напаѓачот на Холандија, Коди Гакпо е новата „ѕвезда“ на „лалињата“ во обид да дојдат до успех на Мундијалот во Катар. Гакпо со голот денеска против Катар, влезе во историјата на Холанѓаните на Мундијалите.
Холандскиот фудбалер стана првиот во историјата на својата репрезентација кој успеал да постигне голови на сите три натпревари во групната фаза на Светските првенства.
23-годишниот играч беше превизен против Сенегал во првото коло во победата од 2-0, а потоа во „ремито“ со Еквадор 1:1, и денеска во триумфот над Катар од 2-0.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА