Словенечкиот ракометен интернационелец Гал Цирар е второто засилување за ГРК Охрид во овој преоден рок. Тој потпиша договор со клубот од Охрид до крајот на сезоната 2023/2024 година.
Станува збор за 27-годишен крилен ракометар кој потекнува од Горење Велење, а во кариерата настапуваше и за Радече, Ерусалем Ормож и Тримо Требње. Претходно Охрид во своите редови го доведе и Стефан Дрогришки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА