Галагер со голот против Реал урна многу рекорди во ЛШ

По само 27 секунди игра, Атлетико ја анулира предноста на Реал Мадрид од првиот меч во осминафиналето од Лигата на шампионите. Конор Галагер ја затресе мрежата на стартот од натпреварот на „Метрополитен“ и со тоа собори бројни рекорди во Лигата на шампионите.

Ова беше најбрзиот гол во актуелната сезона од најсилното европско натпреварување.

Исто така, ова беше најбрзиот гол во Лигата на шампионите постигнат од англиски фудбалер, најбрзиот гол на Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите, најбрзиот гол што Реал го примил од 2007 година.

Галагер е првиот англиски играч кој постигнал гол во мадридско дерби.

Atl. Madrid [1] – 0 Real Madrid – Conor Gallagher 1'
byu/slimcase121 insoccer

Се вчитува...