Галатасарај се соочува со сериозни проблеми во пресрет на двомечот од 1/16финалето во ЛШ со Јувентус откако клучен играч на турскиот гигант заработи незгодна повреда.
Лирој Сане настрада во финишот од последниот дуел со Манчестер Сити, а деталните прегледи покажаа дека станува збор за проблем со лигаментите во зглобот. Иако лигаментите не се скинати, повредата сепак не е наивна, па се очекува германскиот крилен офанзивец да отсуствува најмалку еден месец од терените.
Огромен проблем за стручниот штаб, ако се знае дека дека првиот дуел со Јувентус е закажан за 18 февруари, а реваншот за седум дена подоцна.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

