Галата ги одби сите понуди – Икарди не мрда од Истанбул

Мауро Икарди дефинитивно ќе ја заврши оваа сезона во дресот на Галатасарај откако турскиот клуб ги одби сите понуди за својот најдобар напаѓач за зимскиот преоден рок.

Реал Мадрид покажа интерес за позајмица на аргентинскиот голгетер, во игра беше и неговиот поранешен клуб Интер, но ставот на турскиот гигант беше јасен – Галата ја очекува битка за титулата во домашното првенство и нема намера да остане без својот најдобар играч.

Икарди сезонава има 17 погодоци и шест асистенции во сите натпреварувања, па јасно е зошто „црвено-жолтите“ не сакаат ни да помислат на разделба од Аргентинецот. Згора на тоа, тој има договор со Галатасарај до 2026 година, сосема доволно време за ако инсистира на трансфер, да биде продаден летово за повисока сума од оние 10 милиони евра што Галата ги плати за да го откупи неговиот договор со ПСЖ.

Галатасарај по 17 комплетирани кола се наоѓа на делба на првото место на табелата во турското првенство, со 44 бода колку што има и големиот градски ривал Фенербахче.

Се вчитува...