Галата направи дрим-тим за десет милиони евра

Преодниот рок ширум фудбалска Европа заврши синоќа, а еден од клубовите што заврши најдобра работа дефинитивно е турскиот првак Галатасарај. „Црвено-жолтите“ од Истанбул доведоа 12 фудбалери, од кои голем дел важат за фудбалски „ѕвезди“, а за сите нив беше платена вкупна сума од околу десет милиони евра.

Отштета беше платена само за Кристијан Лујиндам, дефанзивецот на Стандард кој пристигна во Истанбул за пет милиони евра. Голем дел од останатите асови пристигнаа на позајмица, и тоа Рајан Бабел, Радамел Фалкао, Марио Лемина од Саутемптон, Стивен Нзонзи од Рома, Жан Мишел Сери од Фулам, Емре Мор од Селта… За сите овие позајмици се потрошени пет милиони евра, а ако на нив се додадат и квалитетни домашни играчи како Адем Бујук од Малатија, Окан Коџук од Бурса и Шенер Озбајракли од Фенербахче, јасно е дека Фатих Терим ќе има навистина моќен тим на располагање.

Галатасарај ќе настапува и во Лигата на шампионите, каде за ривали ќе ги има Реал Мадрид, ПСЖ и Бриж.

Се вчитува...