Рома успешно ги финишираше преговорите со Лајпциг за ангажман на Бразилецот Анџелињо, кој веќе пристигна во Рим и по лекарските прегледи и официјално ќе го стави потписот на договорот со „волчицата“.
Левиот бек ја почна сезоната во Галатасарај каде имаше клаузула за задолжителен откуп по 20 одиграни средби, но турскиот клуб престана да го користи Анџелињо откако тој одигра 19 меча за Галата. Тоа беше јасен знак дека нема да дојде до откуп, Рома ја искористи ситуацијата, се договори со Лајпциг и доби зелено светло за да го ангажира офанзивниот бек во своите редови.
Според договорот меѓу клубовите, Рома ќе има опција да го откупи целосно договорот на Бразилецот за пет милиони евра доколку челниците на италијанскиот клуб се задоволни од неговите изданија во наредните месеци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА