Познати се три екипи кои од плеј-офот се пласираа во Лигата на шампионите вечерва по реванш натпреварите во Истанбул, Атина и Берн. Истанбул и Берн слават, додека Атина тагува со оглед дека Панатинаикос не успеа да ја мине Брега и да обезбеди учество во елитното друштво.
Панатинаикос пропушти неколку шанси да ја анулира предноста од првиот меч на противникот од 2-1, а потоа во 83-тата минута прими гол преку Брума и така надежите беа минимални. Веднаш по голот Ѓуриќиќ пропушти огромна можност да израмни, но го промаши невозможното, и така го пласираше португалскиот тим во групната фаза.
Галатасарај добро се испоти за да се пласира во групите. Турскиот првак имаше предност од гостувањето кај Молде со 2-3, и водство во Истанбул со голот на Икарди од белата точка. Меѓутоа Молде израмни преку Хестад во 66. минута, и на крајот постигна гол во 81. минута кој за среќа на Турците беше поништен по ВАР интервенцијата. Сите дилеми околу патникот во групите ги реши Анхелињо во 94. минута од средбата.
Најмалку проблеми со својот противник имаше тимот на Јанг Бојс, кој за само 28 минути си обезбеди добра предност од 2-0. Итен и автогол на Сек го доближија швајцарскиот првак до групната фаза, за во вториот ден Угриниќ го зголеми водството на 3-0 за пласман во групната фаза. Првиот меч заврши без голови.
Утре ќе бидат познати сите учесници во групната фаа од Лигата на шампионите со одигрувањето на следните три плеј-оф дуели. На програмата се натпреварите АЕК – Антверпен (прв меч 0-1), Копенхаген – Раков (прв меч 1-0) и ПСВ – Глазгов Ренџерс (првиот меч заврши 2-2).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

