Галатасарај доби мега засилување, пристигна преискусен Шпанец

Алваро Мората официјално го засили Галатасарај на позајмица од Милан која е со важност до јануари 2026 година. За оваа „услуга“ клубот од Истанбул ќе плати шест милиони евра.

Капитенот на шпанската репрезентација оваа сезона настапи на 25 натпревари за Милан постигнувајќи шест голови. Претходно играше и за Реал Мадрид, Јувентус, Челси и Атлетико Мадрид па со себе носи преголемо искуство во редовите на лидерот на табелата.

Се вчитува...