Жозе Мурињо повторно беше дел од голем инцидент по мечот меѓу Фенербахче и Галатасарај што неговиот тим го загуби, по што Португалецот направи срамен гест, фаќајќи го за нос противничкиот тренер Окан Бурук.
Нема сомнеж дека ќе следи жестока казна, ваквиот гест на „специјалниот“ беше осуден од огромен дел од турската фудбалска јавност, а Галатасарај отиде чекор понапред, на официјалните профили на социјалните мрежи објавувајќи видео со наслов „Мурињо, полудуваш од нас“.
Во видеото, португалскиот стручњак е опседнат со големиот градски ривал, за на крајот да заврши во специјална установа со лудачка кошула на себе…
Galatasaray delirtir. pic.twitter.com/8EzHuxgq4e
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) April 2, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА