Галатасарај го сака и Алисон

Галатасарај работи напорно во летниот преоден рок и нема намера да запре кога е во прашање доведувањето звучни засилувања.

Истанбулскиот гигант неодамна во своите редови го донесе поранешниот играч на Манчестер Сити и Баерн, Лирој Сане. Тоа не е се, Галата го сака и голманот на Ливерпул Алисон.

Бразилскиот голман неколку пати беше споменуван како некој кој наскоро би можел да го напушти клубот, но тоа не се случи. Грузискиот голман, Ѓорѓи Мамардашвили, се враќа на „Енфилд“ од позајмица, па прашање е кого Арне Слот ќе го избере за прва опција.

Алисон минатата година имаше солидна сезона во Ливерпул, но влегува во сериозни години. Неговиот договор со Ливерпул трае до 2027 година, па затоа Галата во тој случај мора да им плати на „црвените“ обештетување.

Се вчитува...