Галатасарај го слави Батшуаи (видео)

Галатасарај беше декласиран со 0-5 во Супер-купот на Турција од Бешикташ минатиот викенд, а малку недостигаше актуелниот првак да биде шокиран и во првото коло од новата сезона, на домашен терен против Хатајспор.

Сепак, сензација беше спречена благодарение на Мичу Батшуаи, кој влезе од клупата и постигна гол во 90. минута за победа од 2-1. Хатајспор го шокираше фаворитот поведувајќи со 0-1 на почетокот од второто полувреме, по што белгискиот интернационалец влезе во игра во 70. минута.

Икарди израмни од пенал 10 минути подоцна, но Батшуаи, кој летово пристигна во Галата од лутиот ривал Фенербахче, беше вистинскиот херој откако со прецизен удар со глава предизвика еуфорија меѓу домашните навивачи во самиот финиш од средбата…

Се вчитува...