Екипата на Галатасарај објави дека склучила договор со тимот на Аталанта за позајмица на Николо Заниоло во редовите на тимот од Бергамо. За едногодишна позајмица, Аталанта ќе му плати на турскиот клуб 6,4 милиони евра, а потоа има откупна клаузула.
После завршувањето на идната сезона, Аталанта ќе може да го откупи италијанскиот играч за сума од 15,5 милиони евра. Исто така Галатасарај може да заработи дополнителен бонус од 2 милиони евра, ако тимот излезе во Лигата на шампионите.
Заниоло во минатото беше дел од Рома, па замина во Галатасарај, од каде беше позајмен на Астон Вила. Сега турскиот тим одново го испраќа на позајмица. Поради лошата форма, тој го загуби местото во италијанскиот национален тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА