Галатасарај ја испрати првата понуда за целосен откуп на Осимен

Галатасарај има намера да го окупи целосно договорот на Виктор Осимен од Наполи. Затоа за таа цел ја испрати првата понуда до италијанскиот клуб во висина од 55 милиони евра, од кои 50 доаѓаат веднаш, а пет милиони преку бонуси.

Сепак, се чини тоа нема да биде доволно, затоа што Наполи нема намера да го пушти за сума под 70 милиони евра.

Осимен како позајмен играше во Галатасарај минатата година, и го сврте вниманието кон себе. Досега не се најде никој да го откупи од Наполи, кој не смета на него. Сега Галатасарај прв влегува во битката, и со сума за која смета дека треба да биде доволна за да го убеди италијанскиот првак да го пушти да замине.

Се вчитува...