Галатасарај се заканува со судска постапка против Ливерпул откако нивниот играч Ноа Ланг претрпе бизарна повреда на палецот за време на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите на „Енфилд“.
Ланг мораше да се оперира откако неговиот палец се заглави меѓу два дела од билборд покрај теренот. Турскиот клуб сега бара отштета за повредата што се случи на крајот од натпреварот во среда, во кој Галатасарај беше поразен со 4-0.
Генералниот секретар на Галатасарај, Ерај Јазга, потврди дека клубот размислува за судска постапка.
„По натпреварот, се пожаливме кај претставниците на УЕФА. И тие спроведоа сопствена истрага. УЕФА ќе ја процени ситуацијата“, изјави Јазга за ХТспор.
„Разговараме со адвокати. Ќе поднесеме барање до УЕФА за отштета. Ќе побараме да ни биде исплатена отштета за штетата што ја претрпуваме поради неговата плата.“
Бизарен момент на „Енфилд“
Несреќата се случи кон крајот на натпреварот кога 26-годишниот Ланг ја изгуби рамнотежата и се обиде да се задржи за билбордите со рацете. Во навидум безопасен момент, неговиот палец се заглави меѓу два дела од билбордот. Холандскиот фудбалер веднаш падна на тревникот во агонија, држејќи се за крвавиот прст на десната рака. Сериозноста на повредата беше видлива и на лицата на фотографите покрај теренот.
Noa Lang elinin kesildiği an. Bakalım @UEFAcom ne yaptırım uygulayacak ? pic.twitter.com/Q9VaDolEpX
— JOLLY GHOST 👻 (@Sansar_Jack) March 19, 2026
Играчите од двата тима покажаа загриженост додека медицинскиот персонал се грижеше за него. На Ланг му беше даден кислород и беше однесен од теренот на носилка во соблекувалната. Неговиот тренер Окан Бурук подоцна потврди дека бил итно префрлен во болница.
„Ситуацијата со неговиот прст е сериозна. Ќе знаеме точно што се случило кога ќе пристигне во болницата, и ако е потребна итна операција тука, ќе треба да се донесе одлука“ – рече Бурук.
По натпреварот, персоналот на стадионот го прегледа местото каде што се случил инцидентот, но не е јасно дали проблемот бил со самиот билборд или станува збор за несреќа.
Ouch! That looks painfulhope Noa Lang recovers quickly and is back stronger! pic.twitter.com/eU09Mv9tTS
— PHEMMYTE (@phemmyte_akon) March 19, 2026
Ланг се јави од болницата
Денеска и фудбалерот се јави од болницата во Ливерпул по операцијата.
„Сра*а се случуваат“, напиша тој. „Операцијата помина добро! Ви благодарам на сите за пораките“.
Дефанзивецот на Ливерпул и соиграч на Ланг од холандската репрезентација, Џереми Фримпонг, по натпреварот за холандските медиуми изјави:
„Кога отидов да го проверам Ноа Ланг, неколку луѓе ми кажаа дека половина од прстот му е откинат. Имаше ужасни болки.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

