Турската лига не е многу атрактивна за најдобрите светски фудбалери и често одат таму кога ќе им помине зенитот во кариерата. Турците плаќаат големи пари на такви играчи и јасно е дека имаат пари за фудбал, но Галатасарај ги надмина сите со својата нова понуда.
Галата му понуди на Наполи 60 милиони евра за Виктор Осимен, кој воопшто не е играч кој го поминал зенитот во кариерата. Италијанците ја одбија оваа понуда, но доколку турскиот клуб најде уште 15 милиони ќе ја активира клаузулата која постои во договорот на Нигериецот и тогаш Наполи ќе мора да ја прифати понудата.
Осимена го бара и Јувентус, а Наполи од тој ривал бара 80 милиони евра. Ал Хилал е исто така клуб во игра за напаѓачот.
Виктор минатата сезона беше позајмен во Галатасарај и постигна 37 гола во сите натпреварувања. Инаку, договорот со Наполи му истекува и ова лето е последното во кое Наполи може да заработи од неговото заминување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

