Николо Заниоло повеќе не влегува во плановите на Галатасарај и разгледува понуди од Удинезе, Фламенго, Бенфика и ПСВ Ајндховен. Иако неговиот договор со турскиот гигант трае до јуни 2027 година, клубот нема намера да смета на него.
Италијанскиот репрезентативец, кој има 26 години, сè уште не успева да пронајде конзистентност во својата кариера, а многумина сметаат дека е на работ да го потроши својот талент. Проблемите за Заниоло започнаа со неговото заминување од Рома, по што во февруари 2023 година се пресели во Галатасарај за 15 милиони евра.
Сепак, тој никогаш не ги оправда очекувањата. Во Турција се задржа само шест месеци, по што следеа неуспешни позајмувања во Астон Вила, Аталанта и Фиорентина – клубови кои не покажаа интерес да го задржат и да му понудат перманентен договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

