На теренот беше тивко без ниту еден гол, но најголемото турско дерби меѓу Фенербахче и Галатасарај не може да помине без скандал. А во центарот на вниманието секако е Жозе Мурињо.
Португалецот по натпреварот влезе во соблекувалната со судијата Славко Винчиќ, незадоволен од неговата арбитража, а сега од таборот на Галатасарај пристигнаа обвинувања за расизам кон Мурињо.
Членовите на актуелниот шампион на Турција истакнаа дека Мурињо ги нарекол „мајмуни“ играчите на клупата на Галата кои скокаа во одредени моменти од натпреварот. Поради ова е поднесена кривична пријава и ќе биде покрената истрага против Мурињо во Истанбул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА