Турскиот гигант Галатасарај работи интензивно на планот да го доведе во своире редови Арда Туран од Барселона. Раководството на овој клуб го сака одличниот играч за врска на позајмица за претстојната сезона, со оглед дека тој и не е во најтесните планови на тренерот Ернесто Валверде. Преговорите се во тек, а управата на Галатасарај се надева дека преселбата ќе се реализира до 8.септември, кога истекува летниот преоден рок во Турција.
Барселона сака да вклучи и клаузула според која Галатасарај ќе треба да го откупи договорот на турскиот интернационалец по завршувањето на оваа сезона, и засега тоа ги кочи преговорите. Очигледно дека каталонскиот клуб смета како времето на Арда Туран на „Камп Ноу“ е веќе поминато.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА