Галатасарај сака да го задржи Осимен, треба да „искешира“ 75 милиони евра

Турскиот гигант Галатасарај бара начин како да го задржи Виктор Осимен во својот тим. Нигерскиот напаѓач од друга страна планира да го напушти Наполи со перманентен трансфер на крајот на сезоната. Неговиот договор со Наполитанците е до 2026 година.

Играчот се чувствува многу добро во Истанбул, каде игра како позајмен во Галатасрај. Турскиот клуб сака да го задржи, но голем проблем е отштетата која изнесува 75 милиони евра.

Клубот се надева дека ќе најде решение и ќе го убеди италијанскиот клуб да го откупи за многу помалку пари, но тоа изгледа малку веројатно.

Осимен оваа сезона постигна 26 голови, а за него има интерес од гиганти како Челси, Манчестер Јунајтед, Јувентус… така што Галатасарај тешко дека ќе успее да го убеди да остане во Турција.

Се вчитува...