Галатасарај е на пат да стигне до ново ѕвездено засилување во името на Мануел Аканџи, швајцарскиот стопер кој од 2022 година настапува за Манчестер Сити.
Преговорите се веќе во тек и со англискиот клуб и со самиот 30-годишен фудбалер со пребогато искуство и се очекува истите успешно да се завршат пред крајот на летниот преоден рок.
Според англиските медиуми, тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиол веќе и дал „зелено светло“ за трансфер на Швајцарецот со цел да се намали бројот на фудбалери кои ќе конкурираат за место во тимот оваа сезона.
Двата клуба веќе преговараат и за голманот Едерсон, но последните информации говорат дека Аканџи е поблиску до преселба во Истанбул од бразилскиот голман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

