Галатасарај е во мртва трка со Фенербахче за титулата во турското првенство, а гигантот од Истанбул во меѓувреме реши дополнително да го засили играчкиот кадар. Така, денеска беа комплетирани трансфери на две нови засилувања на Галата, двете од англиската Премиер-лига.
Нападот на „црвено-жолтите“ во вториот дел од сезонава ќе биде посилен за Карлос Винисиус, кој пристигна од редовите на Фулам. Поранешниот напаѓач на Тотенхем доаѓа на позајмица до крајот на сезонава за сума од 1,2 милиони евра, плус целосно покривање на неговата плата од 600.000 евра во наредните пет месеци.
Серж Орие пак доаѓа со перманентен трансфер, откако десниот бек влезе во последните шест месеци од договорот со Нотингем Форест, па „шумарите“ се согласија да го продадат за скромни 800.000 евра. Искусниот дефанзивец доаѓа како директна замена за Бои, кој за сума од рекордни 30 милиони евра беше продаден во Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА