Галатасарај е на пат да обезбеди големо засилување за наредната сезона откако турскиот шампион влезе во завршна фаза од преговорите со Вилфрид Заха, крилниот офанзивец на Кристал Палас кој доаѓа како слободен играч, по истекот на договорот со лондонскиот клуб.
За услугите на Заха се интересираа неколку премиерлигаши, богати понуди испратија и клубови од Саудиска Арабија, но тој предност во преговорите му даде токму на Галатасарај, пред се поради фактот дека со овој тим ќе се натпреварува во Лигата на Шампионите (доколку Галата ги мине квалификациите).
Заха си заминува од редовите на Кристал Палас по 458 одиграни натпревари за лондонскиот премиерлигаш, притоа постигнувајќи 90 погодоци.
Profesyonel futbolcu Dazet Wilfried Armel Zaha’nın kulübümüze transferi konusunda futbolcu ile resmi görüşmelere başlanmıştır. pic.twitter.com/aNpLtSdDOl
— Galatasaray SK (@GalatasaraySK) July 23, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

