Турскиот гигант Галатасарај кој во моментот е изедначен на првото место на табелата во турското првенство во јануари тргнува во „невозможна мисија“ за ангажман на хрватскиот репрезентативец од редовите на Манчестер Сити, Матео Ковачиќ, пренесуваат турските медиуми.
Тренерот Окан Бурак не е задоволен од неговите играчи од средниот ред и цели кон засилувања, а прв на листата на желби се јавува токму Хрватот кој пред почетокот на сезоната ги промени клупските бои и Челси го замени со актуелниот шампион на Англија.
Желбата на Бурак е позајмица до крајот на сезоната, но со оглед на важноста на 29-годишниот играч од средниот ред во тимот на Пеп Гвардиола шансите се минимални. Ковачиќ оваа сезона настапи на 15 натпревари во дресот на „граѓаните“, а шест од нив ги започна од првата минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА