Ракометарите на Алкалоид максимално фокусирани го дочекуваат неделното прв финале од ЕХФ Европскиот куп против екипата на АЕК.
Македонскиот тим во Атина ќе го очекува пеколна атмосфера, но избраниците на Лазаров се убедени дека ќе одолеат на притисокот од трибините. Младиот голман Галевски беше херој во полуфиналето со Норвешка, а македонскиот репрезентативец е оптимист и во пресрет на двомечот со АЕК, дека Алкалоид на крајот ќе успее да го крене пехарот.
„АЕК е една доста квалитетна и поискусна екипа од нас, етаблирани во светскиот ракомет, имаат доста поминато. Нема да биде лесно, добро е што вториот меч го играме на домашен терен, иако не можеме да кажеме дека е голема предност. Не очекува една пеколна атмосфера, сме играле пред полни трибини, знаеме како е, наше е максимално да се вложиме и да бидеме 100% фокусирани. Ако ги спроведеме задачите како што треба, се надевам дека на крајот ќе дојдеме до добар резултат“, вели Галевски во пресрет на патувањето за Атина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

