Иван Галевски е херојот на Алкалоид. Голманот на скопскиот тим одбрани пенал во последната секунда, и донесе реми за својот тим на жешкиот терен во Битола. На крајот мечот заврши 26:26, но треба да се напомене дека шампионот „прокоцка“ водство од цели седум голови предност во второто полувреме. На крајот избраниците на Кирил Лазаров не се предадоа, покажаа карактер и дојдоа до големо реми.
Првиот дел беше резултатска вртелешка, двете екипи се менуваа во водство, а Алкалоид немаше повеќе од еден гол предност. Ваквиот резултат беше актуелен се до финишот кога битолчани со серија од 5-0, дојдоа до предност од пет голови (17-12), но скопскиот тим стигна до гол и ја намалија предноста на шампионот.
Во второто полувреме се чинеше дека Е.Пелистер ја има контролата на играта, откако дојде до позитива најпрво од пет голови, а потоа и до седум голови позитива (23-16). Меѓутоа следуваше опуштање, односно гостинот се созеде, и во серија од 4-0 ја стигнаа разликата до два голови негатива (24-22).
На 25-23, Манасков промаши седмерец, односно Галевски му го одбрани, па Алкалоид имаше шанса да дојде до еден гол негатива. Имаше голема прилика за такво нешто откако беше досуден седмерец, Серафимов користи за еден гол негатива на четири минути до крајот на мечот.
На другата страна Кузмановски од пенал одново донесе два гола предност за домаќинот, меѓутоа на другата страна повторно скопскиот тим дојде до гол негатива. На минута до крајот гостите имаа напад и за резултатска „симетрија“ откако Галевски му одбрани шут на Кузмановски. Е.Пелистер остана и со човек помалку на теренот, и тоа беше шанса за Алкалоид да дојде до израмнување, а тоа му успеа на Ѓорѓиев за прво израмнување во вториот дел.
Пелистер имаше меч топка и 20 секунди до крајот. Гарабара побара тајм-аут, а тоа придонесе за пенал за Е.Пелистер, и шанса за победа. Одговорноста ја презеде Радивојевиќ, но Галевски успеа да му одбрани и да донесе голем бод за својот тим.
Најефиксен на мечот беше Дејан Манасков кој постигна девет голови, додека кај Алкалоид најефикасен беше Стојковиќ кој постигна осум голови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

