Галевски: Ми се исполни сонот да играм за Македонија на СП

Младиот голман Иван Галевски, доби шанса да дебитира на Светско првенство за Македонија. Селекторот Кире Лазаров му даде шанса на мечот со големата Франција, а тој одбрани пенал, и дополнително имаше уште една интервенција.

Галевски по мечот истакна дека е среќен што добил шанса, и дека му се исполнил сонот од детство да заигра за репрезентацијата на Светско првенство.

„Денеска игравме со една велесила, уживање е да се игра и да се биде дел од селекцијата на овој меч. Чест и задоволство ми беше што бев дел од Светско првенство. Мислам дека секој што почнал да се занимава со ракомет, ова му е сон. Игравме на секој натпревар со срце, можеби може да жалиме за бодот со Унгарија и со Австрија, но верувам дека ќе бидеме далеку поискусни на следното големо натпреварување“, рече Галевски.

Се вчитува...