Македонските ракометари денеска ќе го минат Божи крај своите семејства, по што тргнуваат за Хрватска, најпрвин на пријателски натпревари а потоа и настап на ракометниот Мундијал што Македонија ќе го почне на 15 јануари во Вараждин.
Иван Галевски брани извонредно во дресот на Алкалоид, летото имаше и одлични настапи во младинската репрезентација на Македонија, па младиот чувар на мрежата зимава ќе добие шанса и за настап за сениорската репрезентација на едно големо натпреварување.
„Чест, задоволство, и привилегија е што сум дел од националниот тим, сон на секое дете е да игра за репрезентацијата. Годинава ми се оствари сонот, ова ќе ми биде прво големо натпреварување, се борам за секоја минута на теренот и ќе се потрудам да ја оправдам довербата на најдобар начин. Ова е спорт, топката е тркалезна, ако проработи македонскиот инает и македонското срце што го имаме, зашто да не се надеваме на позитивен резултат. Најбитно е што ќе имаме навивачи, Фалангата е дополнителен мотив за нас, ветер во грб, осми играч, тие секогаш се тука за нас, несебично ни даваат поддршка кога играме и во странство и на домашен терен. Сигурен сум дека ќе придонесат за добри резултати на репрезентацијата“, изјави Иван Галевски во пресрет на СП 2025.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА