Галевски: Притисокот е нормален, тоа е мотив за сите нас на СП во Вараждин

Македонската ракометна репрезентација ја одработува првата фаза од подготовките за СП 2025, се со цел избраниците на Кире Лазаров максимално подготвени да го дочекаат претстојниот мундијал. Целта е јасна, пласман во главната фаза од СП 2025, а акцент во овој период се става и на физичката подготовка, ако се знае дека „црвено-жолтите“ во периодот од 15 до 19 јануари ќе треба да одиграат три тешки натпревари.

Иван Галевски е еден од тројцата избрани голмани од страна на Лазаров, заедно со Митревски и со Кизиќ, а младиот голман на Алкалоид е задоволен од текот на подготовките.

„Чест и задоволство ми е што сум дел од овој колектив. Нѐ очекува еден голем предизвик, но тоа не треба да ни претставува притисок, напротив еден мотив плус за да секој го даде својот максимум. Подготовките се одвиваат добро и се надевам дека спремни ќе го дочекаме стартот на Светското првенство”, изјави Галевски од Стара Пазова.

Се вчитува...