Ракометната репрезентација на Македонија стигна и до втората победа на „Жолтиот куп“ во Швајцарија, откако вечерва славеше против репрезентацијата на Украина со 26-31. Нашите ракометари изиграа неверојатно второ полувреме во кое предводени од голманот Галевски успеаја да направат целосен пресврт по негативата на полувреме од 17-13.
Херојот на овој меч, голманот Иван Галевски даде свој осврт за случувањата на теренот.
„Имавме осцилации во играта, но тоа е нормално на меч од еден ваков турнир. Ова ќе ни помогне многу затоа што ваков турнир не очекува и на Европското првенство во Данска. Ова е една добра увертира за да се подготвите добро, да ги анализираме нашите недостатоци. Оваа победа ни значи многу за нашата самодоверба, а посебно ќе ни биде потребна за утрешниот меч против Швајцарија. Секогаш може да бидеме подобри“, рече Галевски по победата над Украина.
Македонија утре ќе игра во третото последно коло на „Жолтиот турнир“ за противник ќе го има домаќинот Швајцарија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

