Галтие: Не верувам дека ќе има проблем меѓу Меси и Мбапе

Првиот тренер на Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие ги сподели своите очекувања за вториот дел од сезоната, кој за парижаните почнува в среда, со мечот против Стразбур.

Тој вели дека со нетрпение го очекува продолжението на сезоната и смета дека нема да има никакви проблеми меѓу Килијан Мбапе и Лионел Меси по финалниот меч и сите работи кои што се случуваа на релација Аргентина – Франција.

„Сакаме да постигнеме најдобри можни резултати до крајот на сезоната, без никакви превирања во тимот, бидејќи направивме добар прв дел од сезоната. Ми се допаѓа овој тим, се надевам дека ќе го одигра вториот дел од сезоната како првиот, со голема желба, одлучност и мотивација, но и со големо задоволство“, изјави Галтие.

Се вчитува...