Галтие ослободен од обвиненијата за расизам

Судот во Ница го ослободи поранешниот тренер на Ница и на ПСЖ, Кристоф Галтие кој беше обвинет за малтретирање и расна дискриминација. На тренерот му се заканувше казна од 12 месеци затвор и 45.000 евра.

На 30 јуни тренерот бил задржан 24 часа во полицијата во Ница, како дел од истрагата за случај на расистички напади. Причината за ова е мејл од тренерот до поранешниот директор Фурние во кој кажува дека не одобрува голем број на црни играчи и муслимани.

Во сослушувањат, Фурние и неговите блиски го напоменаа гневот на Галтие за односот на одредени играчи за време на рамазанските пости, и со тоа се обидел да го намали бројот на црнци и муслимани во тимот.

Се вчитува...