Тренерот на францускиот шампион Пари Сен Жермен, Кристоф Галтие потврди дека Лионел Меси летово ќе го напушти францускиот гигант.
Договорот на аргентинската суперѕвезда истекува на „Паркот на принцовите“ ова лето и изгледаше многу малку веројатно дека тој ќе остане во клубот. Неговото заминување сега беше потврдено од менаџерот Галтие, а последниот натпревар на Меси за ПСЖ ќе биде викендов против Клермон.
„Имав привилегија да го тренирам најдобриот играч во историјата на фудбалот. Мечот против Клеромн ќе биде последниот натпревар на Лео на „Паркот на принцовите“, изјави Галтие.
Меси пристигна во ПСЖ во летото 2021 година од Барселона. Финансиските проблеми на каталонскиот гигант го принудија да замине и да склучи договор со францускиот гигант.
Меси се поврзува со неколку клубови во светот, но прв фаворит е Ал-Хилал од Саудиска Арабија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА