Тренерот на ПСЖ Кристоф Галтие, коментираше за неиграњето заедно на триото Меси – Мбапе – Нејмар. Предводникот на францускиот првак често ги ротира овие тројца, и ретко кога играат тројцата заедно под негово водство.
Оваа негова одлука наидува на критики кај фановите, а сега објасни зошто го прави тоа.
„Велите дека ова е нешто ново, но ова мораме да го правиме затоа што имаме многу напорен распоред. Играме многу натпревари. На секои три или четири дена, а не заборавајте дека потоа ќе дојде и Мундијалот. Разберете дека е невозможно секогаш да се играат 90 минути“, рече Галтие.
На вчерашниот меч на ПСЖ, на местото на Мбапе влезе Нејмар, а изразот на лицето на Бразилецот кажа дека не е задоволен што останал на клупата.
„Мислам дека не ми се налути за тоа. Секогаш објаснувам зошто го правам тоа и нема никакви проблеми“, рече Галтие.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА