Атлетико Мадрид стигна до 20. победа во Ла Лига оваа сезона, откако вечерва на домашен терен го совлада тимот на Депортиво Ла Коруња со 1-0. Стрелец на победничкиот гол беше Кевин Гамеиро во 34.минута. Претходно, Саул Нигез беше соборен во шеснаесетникот на гостите, а одлуката на судијата беше можеби и контроверзна.
По овој триумф, Атлетико Мадрид ја намали негативата во однос на лидерот Барселона на девет бода, додека пак има четири бода предност во однос на третопласираниот Атлетико Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА