Гана ги загуби сите шанси за пласман на СП во Русија по големата судиска грешка и поништениот регуларен погодок во финишот од гостувањето во Уганда.
Репрезентативците на Гана почнаа да слават откако Двамена се најде на вистинско место по слабата интервенција на домашниот голман, но судијата ги разочара гостите досудувајќи офсајд, што според повторените снимки е погрешна одлука.
Претходно главниот судија не досуди чист пенал за Гана, а по очигледната грешка на помошникот јасно е зошто фудбалерите на Гана имаат за што да се жалат на крајот од овој квалификациски циклус.
Wow!Ghana’s hopes of reaching the 2018 World Cup are virtually over after their late winner against Uganda was controversially ruled out. pic.twitter.com/Rhpj5VJsts
— Goal (@goal) October 7, 2017
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА