Ото Адо ќе ја напушти позицијата тренер на таленти во Борусија Дортмунд, и ќе стане селектор на Гана. Раководството на „милионерите“ ќе му дозволи на Адо да го напушти клубот, и да ја води селекцијата на Гана овој месец, а потоа ќе се врати и ќе биде дел од Борусија до крајот на сезоната, па потоа и дефинитивно ќе ја извршува само селекторската функција.
48-годишниот Адо играше за Борусија од 1999 до 2005 година, и ја освои титулата во Бундеслигата во 2002 година. Тој беше тренер на талентирани играчи од 2019 година, а беше помошник на Терзиќ во 202о и 2021 година.
Адо има 15 меча за Гана, а беше привремен селектор на оваа репрезентација на Мундијалот во Катар. Потоа селекцијата ја презеде Крис Хјутон, кој доби отказ по Купот на Африкански нации, па сега Адо се враќа на клупата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА