Гана го разреши селекторот Рајевац

Српскиот фудбалски тренер Милован Рајевац, не е повеќе селектор на Гана, одлучи фудбалскиот сојуз на оваа земја. Откако селекцијата испадна во групната фаза од Африканскиот куп на Нации, Гана се реши да му врачи отказ на Србинот, кому ова му беше втор мандат на клупата на оваа селекција, и на неа беше само четири месеци.

Рајевац не успеа да ги повтори успесите од пред 10 години. Гана испадна уште во групната фаза, иако важеше за еден од фаворитите да стигне во нокаут фазата.

И покрај тоа што имаше шанси да остане во квалификациите за пласман на Мундијалот во Катар, сепак, на крајот на итен состанок по испаѓањето на Гана од Купот на Нации на Африка, Рајевац не остана на местото селектор.

Се вчитува...