Гана избра екс-тренер на Реал и Манчестер за селектор на СП

Фудбалската Федерација на Гана го реши селекторското прашање за претстојниот мундијал откако вечерва беше официјализиран договорот со Карлос Квеирош, 73-годишниот стратег кој се согласи на краткорочен договор со важност до крајот на СП 2026.

Поранешниот стратег на Реал Мадрид и на Манчестер јунајтед последен пат работеше во Оман од каде си замина неодамна. Квеирош ја прифати понудата да биде дел од уште еден мундијал, вкупно петти со што Португалецот ќе се израмни со легендарниот Бора Милутиновиќ (со по пет).

Тој беше предводник на Португалија на СП во Јужна Африка, а потоа во Бразил, Русија и во Катар ја предводеше националната селекција на Иран.

Најголемиот успех го имаше на СП 2010 во Јужна Африка, кога со Португалија стигна до осминафиналето каде што беше елиминиран од Шпанија.

Гана е дел одгрупата Л од претстојниот мундијал, каде за противници ќе ги има селекциите на Англија, Хрватска и на Панама.

Се вчитува...