Поранешниот менаџер на Брајтон, Крис Хјутон е назначен за нов селектор на репрезентацијата на Гана, соопшти фудбалската федерација на земјата. Хјутон во минатото ги водеше Њукасл, Бирмингем, Норич и Нотингем Форест, а беше технички советник на селекцијата на Гана во послендите 12 месеци.
Не е објавено колку Хјутон ќе седи на клупата на африканската селекција.
„Именувањето на Хјутон е во согласност на визијата на федерацијата да продолжи со проектот на градење на силен тим започнат од Ото Адо во пресрет на Мундијалот во Катар.“, стои во соопштението на федерацијата на Гана.
Хјутон ова ќче му биде прв селекторски предизвик. Претходно беше асистент на Ирска во периодот од 2003 до 2005 година.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

